Љубов и Секс

Ритуали кои ја одржуваат страста: Среќните парови ги применуваат секој ден

Ритуали кои ја одржуваат страста: Среќните парови ги применуваат секој ден

Со помош на мали, но важни ритуали, паровите, покрај љубовта, ја одржуваат и страста што ја имале на почетокот на врската.

Постојат работи кои среќните парови ги прават на свој начин. Некои од навиките што ги практикуваат дополнително ја зајакнуваат нивната врска. Љубовните експерти тврдат дека во секоја врска се потребни ритуали кои на посебен начин ќе поврзат двајца луѓе.

5 минути за вас пред сите обврски

Кога ќе се вклучи алармот, не станувајте веднаш од кревет, туку одвојте најмалку пет минути за да се гушкате со партнерот. Прегратките и бакнежите се идеален начин да го започнете работниот ден.

Една порака е доволна да ви измами насмевка

Веруваме дека знаете како е да имате лош ден на работа. Едвај чекате да се вратите дома и да заборавите на сите проблеми во вашите „четири ѕида“. Сепак, една порака може да го промени текот на негативните мисли и да ги насочи на многу поубаво место.

„Те сакам, едвај чекам да те видам!“ е пример за порака која може да го поправи денот на вашиот партнер.

Разговарајте за емоциите

Љубовните експерти тврдат дека е многу важно заљубените парови секој ден да поминуваат најмалку 10 минути во кои ќе зборуваат за тоа како се чувствуваат.

Партнерот треба да биде мирно засолниште и да избега од сите негативни работи кои се случуваат во текот на денот.