Радио Милева
мистериозен

Ристе Ристески во нежни прегратки на девојка: „Таа е подобра од виното“ (фото)

Ристе Ристески во нежни прегратки на девојка: „Таа е подобра од виното“ (фото)

Македонскиот победник на „Ѕвездите на Гранд“, Ристе Ристески по победата во музичкото шоу постојано е на релација Белград – Охрид.

Имено, набргу по победата тој се пресели во соседна Србија каде започна со градењето на својата музичка кариера. Тогаш Ристе и ја раскина врската со својата девојка, па потполно се посвети на музиката.

Охриѓанецот сними и неколку песни, но откако фати пандемијата со коронавирусот пејачот се повлече од јавноста. Имено, тој ретко објавуваше фотографии на социјалните мрежи, а речиси не се појавуваше во јавност и во емисии.

Меѓутоа, по подолга пауза, Ристе повторно се враќа на музичката сцена. Имено, пејачот се враќа на настапите во Македонија и регионот, но и подготвува нови музички парчиња.

Имено, тој неодамна откри дека подготвува нешто за љубителите на неговата музичка.

Овопјат, Ристески на својот профил на Инстаграм објави неколку фотографии, но остана мистириозен.

Прво објави фотографии на кои пие виски, а во описот напиша: „Останете мистериозни. Ги сакам моментите на виски“, напиша пејачот во описот на објавата.

Потоа, тој објави уште неколку фотографии на кои е во прегратка на русокоса девојка која го милува по лицето додека пејачот пие виски.

-Таа е подобра од виското, напиша во описот на фотографијата.

Пејачот остана таинествен и не откри што подготвува, па останува да почекаме и да видиме дали ќе ги оправда очекувањата на неговите следбеници останува да видиме.

За потсетување, Ристе победи во „Ѕвездите на Гранд“  во 2017 година и важеше за еден од омилените кандидати на Јелена Карлеуша.

фото: Иван Наунов/принтскрин/инстаграм/ристе ристески

Останати вести од Радио Милева