Радио Милева
кој нуди голотија, не му е до песна

Ријана сликовито појасни зошто 5 години нема нов албум: Повеќе пари од гаќички, отколку од хитови! (ВИДЕО)

Ријана сликовито појасни зошто 5 години нема нов албум: Повеќе пари од гаќички, отколку од хитови! (ВИДЕО)

Цел Холивуд денес зборува за Ријана, иако обожавателите се откажаа од надежта дека наскоро ќе слушнат некоја нејзина нова песна и покрај повремените навестувања на пејачката на таа тема, бидејќи направи пауза од пет години кога станува збор за музика.

Иако зборуваше во спорадични интервјуа за тоа како го поминува своето време во студиото, и дека работи на нешто посебно, од 2016 година, поточно од албумот „Анти“, обожавателите на пејачката од Барбадос не добија ново музичко парче од неа.

Одговорот најверојатно лежи во фактот дека Ријана се посветила на линиите козметика, облека и акцесоари, како и во фактот дека без оглед колку добро заработува од музика, во индустријата за убавина сепак има поголема заработка.Според Форбс, само нејзината линија на секси долна облека во моментов вреди милијарда долари.

Последниот бисер во нишката од секси колекции гаќички, градници, килоти, халтери, бодија, жартиери… го покажа за неодамнешниот „Ден на вљубените“, каде Ријана ја демонстрираше сета убавина на женското тело во својата ертска линија, која повеќе од одлично се продава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by badgalriri (@badgalriri)

И потоа кому му е до музика, кога повеќе пари се прават од гаќички отколку од песни?!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by badgalriri (@badgalriri)

Останати вести од Радио Милева