Живот и Стил

Рецепт за посна пица со туна и печурки

Рецепт за посна пица со туна и печурки

Во млаката вода истурете ги шеќерот и квасецот, а кога ќе нарасне квасецот додадете ги останатите состојки и замесете меко тесто. Месете го неколку минути и оставете го да стаса 30 минути. Расукајте го тестото и ставете го во тавче. Потоа намачкајте ја доматната паста и додадете ја туната исцедена и сите останати состојки за филот. На крај изрендајте го кашкавалот. Печете 15 минути во загреана рерна на 250 степени. Внимавајте да не изгори дното.

Тесто:

1,5 dl млака вода
0,5 dl масло
1/2 пакување свеж квасец
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
250 гр брашно

Фил:

1 конзерва туна во масло
100 гр растително сирење
50 гр маринирани печурки
по желба доматна паста, оригано и маслинки, свежа пиперка

Подготовка:

Во млаката вода истурете ги шеќерот и квасецот, а кога ќе нарасне квасецот додадете ги останатите состојки и замесете меко тесто. Месете го неколку минути и оставете го да стаса 30 минути. Расукајте го тестото и ставете го во тавче. Потоа намачкајте ја доматната паста и додадете ја туната исцедена и сите останати состојки за филот. На крај изрендајте го кашкавалот. Печете 15 минути во загреана рерна на 250 степени. Внимавајте да не изгори дното.

извор:курир.мк
фото:freepik