Љубов и Секс

Рецепт за среќа: Ова се знаците кои покажуваат дека имате цврста и интимна врска со партнерот

Рецепт за среќа: Ова се знаците кои покажуваат дека имате цврста и интимна врска со партнерот

Тоа што сте пар и сте заедно, не гарантира меѓусебна интимност. Некои се во врска, но воопшто не доживуваат интимност. Ако мислите дека тоа е невозможно, погледнете како изгледа интимноста и кои се нејзините главни компоненти, според психологот Ана Георгиева.

1. Знаење

Прво, интимните партнери имаат големо лично, често доверливо, знаење еден за друг. Омилената храна, омилната боја, семејните проблеми и сите детали од туѓиот начин на живот се работи кои можат да ни бидат многу познати.

Длабокото познавање на некого е еден од најважните знаци за интимност.

2. Приврзаност

Зависноста од некој друг е она што многу луѓе ги плаши и затоа одлучуваат да не влезат во сериозна врска. Но, тоа е неопходно и за степенот на блискост.

Интимните партнери ги земаат предвид плановите еден на друг, ги прилагодуваат распоредите за да постигнат консензус. Ако вашиот живот е испреплетен со туѓ живот, значи дека влијаете на она што го прави другиот и како се чувствува.

3. Грижа

За да имате блискост со некого, значи дека треба да се грижите за него. Делува очигледно, но некои дури и не го сфаќаат тоа. Понекогаш овој елемент исчезнува во долгите врски и го загрозува квалитетот на интимноста кај парот.

Никогаш навистина не ја надминуваме потребата некој да се грижи за нас. Таа е исконска и најблиску до афектот на љубовта.

4. Доверба

Довербата во интимните врски не значи дека сте сигурни дека партнерот нема да ве изневери, туку дека сте сигурни дека партнерот нема намерно да ве повреди.

5. Разбирање

– „Интимноста се зголемува кога луѓето веруваат дека нивните партнери ги разбираат, почитуваат и ценат, реагираат внимателно и ефективно на нивните потреби и се грижат за нивната благосостојба. Перцепцијата дека нашите партнери ги препознаваат, разбираат и поддржуваат нашите потреби и желби е фундаментален фактор во најдобрата врска“ – вели експертот за интимни односи Роуланд Милер.

извор: попара.мк