Мегафон

Распродадени концерти и овации на Американската турнеа на Владимир Четкар

Распродадени концерти и овации на Американската турнеа на Владимир Четкар

Од Американската турнеа на Владимир Четкар останаа уште само две дестинации:

На 30 Ноември тој ќе настапи во Black Cat Jazz Club, најпознатиот џез клуб во Сан Франциско a на 9 Декември во Вест Палм Бич, Флорида во прочуениот Нортон Музеј на Уметноста.
Владимир Четкар на оваа турнеа досега настапи во Чикаго, Детроит, Кливленд и Њујорк каде концертот беше распродаден неколку дена однапред.


За атмосферата на овие концерти каде Четкар се претставува како композитор, аранжер, изведувач (гитарист и вокалист) и бендлидер, ќе оставиме да говорат видеата и фотографиите.