Промотер

Распеаниот македонски гастрбајтер Зоран Далчески ја промовираше „Ти си моја Марике“ (ВИДЕО)

Распеаниот македонски гастрбајтер Зоран Далчески ја промовираше „Ти си моја Марике“ (ВИДЕО)

Фолк пејачот Зоран Далчески кој живее и работи во САД, деновиве престојува во родната  Македонија каде снимаше нова песна и спот. Овојпат одлучи да соработува со авторот  Борче Нечовски зад кого стојат многу хитови.

Песната се вика „Ти си моја Марике” а за неа се снимаше видеоспотот кој го изработи проверената екипа на ИН Продукција на неколку локации во Охрид. Во спотот учествуваа и неколку манекенки од модното студио “Шанел” од Битола.

Спотот премиерно беше емитуван на единствената Македонска музичка телевизија, сателитската ИНТВ .

Песната „Ти си моја Марике” звучи певливо и се очекува да е една од најслушаните песни на фолкерот, а во продолжение погледнете го видеоспотот.