Радио Милева
одзема здив

Раскошниот дом на Сека Алексиќ зрачи со топлина и луксуз, а за семејниот дом во Стара Пазова искеширала дури 500 илјади евра (фото)

Раскошниот дом на Сека Алексиќ зрачи со топлина и луксуз, а за семејниот дом во Стара Пазова искеширала дури 500 илјади евра (фото)

Сека Алексиќ живее во луксузен семеен дом со градина од дури 100 ара.

Отсекогаш сакала мирна оаза, па за свој дом ја одбрала Стара Пазова, а се шушка дека некогаш за семејното гнездо искеширала 500 илјади евра, а од година во година вложила уште повеќе.

Секој детал од двокатната вила од 450 квадратни метри е уреден по вкус на пејачката, секој агол од дневната, трпезаријата и спалните соби се елегантно уредени од Сека.

Таа посветила многу внимание на својат огромен гардеробер, пространата бања од дури 40 квадратни метри, како и за салонот за маникир и масажи.

Во куќата доминира белата боја, а насекаде се распространети раскошни детали како масивни лустери и цвеќиња дури и во спалната соба полно со многу  лични детали.

Бидејќи е голем верник, еден ѕид од куќата на Сека е посветен на икони на светци. Секако по својот декор се издвојуваат собите на наследниците Јован и Јаков, како и брачната соба на Сека и Вељко. Освен внатрешноста што го одзема здивот, градината околу куќата на Сека е навистина прекрасна.

Останати вести од Радио Милева