Радио Милева
„црвено на радост“

Рамно стомаче како „даска“: Македонската кандидатка воодушеви со новиот стајлинг во музичкото шоу, па веднаш и поласка оваа македонска пејачка (фото)

Рамно стомаче како „даска“: Македонската кандидатка воодушеви со новиот стајлинг во музичкото шоу, па веднаш и поласка оваа македонска пејачка (фото)

Во новата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, оваа сезона има доста нови кандидати кои досега не учествувале во музичкото шоу и првпат се појавуваат на сцената.

Една од нив е струмичанката Сања Димова, ќерката на музичкиот пар Биљана и Борис Димови.

Таа се претстави со песните „Судбо моја“ и „Опет имам разлога да живим“ и освои вкупоно четири гласа од жирито што значи дека директно помина во вториот круг.

Според правилата, само кандидатот кој освои вкупно шест гласа, тој ќе има право да го одбере својот ментор, меѓутоа Саша Поповиќ овојпат направи исклучок и ги промени правилата, па да и дозволи на Сања сама да одбере ментор.

Јасно е од кого го наследила талентот: Ќерката на музичкиот пар се појави во „Ѕвездите на Гранд“ и го воодушеви жирито, а еве што и порача Цеца Ражнатовиќ – Вистина.мк (vistina.com.mk)

Таа за своја менторка ја одбра фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ.

Цеца и Сања заедно соработувале изминатиот период, а фолк пејачката истакна дека во својот тим ќе има и психилог, како и ќе соработува со еден од најдобрите вокали, Ивана Петерс, сигурни сме дека пејачката одлично ја подготвила нашата кандидатка.

Деновиве, започнаа да се снимаат емисиите за вториот круг на музичкото шоу, а во една од нив учествуваше и Сања.

Таа на својот „Инстаграм“ објави фотографија со новиот стајлинг со кој ќе се претстави во музичкото шоу.

За нејзиното ново претставување пред жирито таа одбра црвен фустан во кој ја истакна витка фигура, рамниот стомак и затегнатите нозе.

Под објавата се нижеа позитивни коментари за нејзиниот изглед: „Преубава си“, „Прекрасна си“,  а под објавата се најде коментар и од македонската пејачка Сузана Гавазова која и поласка на Сања и напиша коментар: „Преубава“, а таа одговори: „Благодарам“.

Како ќе се претстави Димова во следниот круг и дали ќе продолжи во понатаму, останува да видиме.

фото: нстаграм/сања димова/ѕвездите на гранд

Останати вести од Радио Милева