Радио Милева

Зуица Лазова ова не го прави така често – длабоко деколте отворено на деликатно место (фото)

Зуица Лазова ова не го прави така често – длабоко деколте отворено на деликатно место (фото)
фото:фејсбук/зуица лазова

Понатата македонска фолк пејачка, професорка по хармоника и ТВ водителка, Зуица Лазова, важи за дама која најчесто негува одмерен дамски и елегантен изглед, а со тоа е една од ретките наши фолкерки кои не играат на картата на провокација, барем досега.

Зуица долги години е на естрадата, а времињата се променија, конкуренцијата е силна, а нагласениот сексапил на сцената стана задолжителен.

Зуица најчесто ја гледаме на фолк фестивалите, каде секогаш има беспрекорна дизајнерска комбинација, односно елегантна визуелна модна слика која речиси секогаш е нејзиниот сценски избор.

фото:фејсбук/зуица лазова

Дури и кога се појавуваше во улога на водителка, таа избираше дамски фустани кои повеќе се романтични и елегантни.

фото:фејсбук/зуица лазова

На изненадување, Зуица реши да направи отстапка од сопствените правила, па реши и таа малку да го нагласи сексапилот.

На еден настап таа се појави со длабоко деколте кое ги нагласи градите, а моделот откри повеќе од вообичаено.

фото:фејсбук/зуица лазова

Изгледа Зуица сфати дека модните правила на сцената се сменија, па и таа мора да биде во чекор со колешките.

На Наум пак, во случајов не му паѓа на ум да погледне!

Останати вести од Радио Милева