Радио Милева
Пресврт

„Зошто Боже“: Сара Мејс шокирана од музичките афинитети на ќеркичката Илина (фото)

„Зошто Боже“: Сара Мејс шокирана од музичките афинитети на ќеркичката Илина (фото)
фото:сара мејс/инстаграм принтскрин

Во 2018 година пејачката и харфистка Сара Мејс и ТВ и радио водителот Димитар Атанасовски станаа родители за првпат и ја добија ќеркичката Илина.

Оттогаш малата наследничка е центарот на нивниот свет, а за разлика од повеќето познати, Сара и Диме немаат проблем да ја покажуваат јасно, па затоа Илина често е дел од објавите на мама и тато на социјалните мрежи.

фото:сара мејс/инстаграм принтскрин

 

Уште откако се роди, мама Сара постојано и пееше, најчесто и свири на харфата, тато пак има љубов кон бас гитарата, ама Илина од сите инструменти уште од мали нозе си ја избра виолината што многу ја изненади Сара.

фото:сара мејс/инстаграм принтскрин

-За малце си помислив зошто Боже? Од сите инструменти… зошто? Обаче, пресврт, пишува Сара Мејс во описот на една од објавените фотографии.

фото:сара мејс/инстаграм принтскрин

Едно е јасно, детето ги наследило музичките гени, е сега дали ќе биде пеење, харфа или пак навистина виолина, времето ќе покаже.

Останати вести од Радио Милева