Радио Милева
циција...

Зорица Марковиќ тврди дека Дарко Лазиќ е должен до гуша: „Пиеше цела ноќ, направи огромна сметка, а ништо не плати и си замина“ (ФОТО)

Зорица Марковиќ тврди дека Дарко Лазиќ е должен до гуша: „Пиеше цела ноќ, направи огромна сметка, а ништо не плати и си замина“ (ФОТО)

Иако Дарко Лазиќ тврди дека ги вратил сите свои долгови, неговата колешка Зорица Марковиќ дементира велејќи дека тоа е далеку од вистината.
Поточно, пред да влезе во „Задругаа 3“, Марковиќ откри дека фолкерот сè уште и должи  пари.

 

„Не сум во контакт со него, но го сакам како пејач. Жал ми е за сè што му се случи во животот. Сум го почестила сто пати, но тој не ме почитуваше, ме изнервира“ – се изјасни таа за  пејачот.

„Дарко дојде во мојата кафеана пред четири години и направи голема сметка, а не плати ниту динар. Тој вети дека ќе донесе пари другиот ден, а од тогаш поминаа четири години. Не е ни толку мала сумата, но мислам дека ако ме почитува, тогаш треба тие пари да ги плати. Јас нема да му барам камата, само нека го донесе она што го должи. Тој постојано ги менува своите телефонски броеви, му праќав пораки по блиски луѓе, а  тој секогаш одговараше дека ќе ги донесе утре, но тоа утре до сега никако да се случи“ – додаде Зорица па му упати јавна порака на Лазиќ:


„Ако прочита, нека се сети и нека го донесе својот долг. Не му го простувам ова, не за пари, туку заради почит. Јас не го очекував тоа од него“, рече Марковиќ.