Радио Милева
свадба на деценијата или рекламен трик?

Знаете ли на претстојната свадба на кој Македонец ќе се појават Цеца, Брена, Чолиќ, Јоксимовиќ, Ковачевиќ… а, тој не е ниту познат политичар, пејач, водител, актер, спортист, тајкун…? (ФОТО)

Знаете ли на претстојната свадба на кој Македонец ќе се појават Цеца, Брена, Чолиќ, Јоксимовиќ, Ковачевиќ… а, тој не е ниту познат политичар, пејач, водител, актер, спортист, тајкун…? (ФОТО)

Уште пред некое време Вистина.ком.мк објави дека тој реши да стапне на лудиот камен, па зимоска,  додека беа на скијање и го стави на рака свршеничкиот прстен на својата девојка Ана.

Сега е закажана и свадбата. Велат дека може да се случи да биде прогласена и за свадба на деценијата. Како на времето онаа, кога Амди Бајрам го женеше синот! Скопската чаршија веќе наголемо зборува дека на свадбата која би требало да се одржи на локалитетот на хотелот „Белви“ на влезот од Скопје, се поканети да присуствуваат над 500 званици. А, гоем дел од гостите нема да бидат било кои.

Се разбира покрај членовите на семејствата, роднините и пријателите, голем дел од званиците ќе бидат и познати и популарни, македонски јавни фаци, најмногу од естрадата и естрадната новинарска фела, меѓу кои ексклузивата ќе ја има екипата на најгледаниот естраден ТВ магазин „Бекстејџ“ на пример.

Познати македонски естрадни уметници покрај тоа што ќе бидат и самите гости и ќе ги забавуваат гостите, а не е исклучено да се појави и некој од политичарите од актуелната власт, заради идеолошката блискост на младоженците со неа.

Но сепак, ѕвездената ексклузива доаѓа однадвор. Имено, во кулоарите наголемо и гласно се зборува дека Здравко Чолиќ, Лепа Брена, Светлана Цеца Ражњатовиќ, Жељко Јоксимовиќ. Жељко Самарџиќ, Саша Ковачевиќ… ќе бидат специјалните гости на свадбата.

Само како гости или и ќе запеат, останува изненадување. Како што останува да видиме дали навистина некое од од овие имиња ќе се појават на семејната веселба која претендира да биде свадба на деценијата, или е само уште еден рекламен трик за дигање чалам?

Ако уште сте во дилема кој тоа се жени, еве да ви откриеме. Во прашање е естрадниот менаџер Кристијан Стефановски – Кико и неговата свршеница, а наскоро и сопруга Ана Стојковска. Како и да е, веруваме дека Кико ја најде жената на својот живот. Па, нека е со среќа!

Останати вести од Радио Милева