Радио Милева

Животната приказна на учесничка од „Никогаш не е доцна“ го расплака регионот: „Синот не ме препознаваше, ме доживуваше како непријател“

Животната приказна на учесничка од „Никогаш не е доцна“ го расплака регионот: „Синот не ме препознаваше, ме доживуваше како непријател“
фото: Промо

Даниела Тодориковиќ од Зајачар се појави во музичкото шоу „Никогаш не е доцна“, а со својот глас успеа да го воодушеви жирито и публиката.

Меѓутоа, она што го привлече вниманието е нејзината животна приказна.

Даниела откри дека животот не ја мазел, го поздрави својот син Немања кој не можеше да и пружи поддршка во студиото бидејќи се  наоѓа на лекување од наркотици.

фото: промо

Во исповед за „ало.рс“, Даниела одлучи да си ја отвори душата и да ја раскаже својата животна приказна која го расплака регионот.

„Тешко ми е да зборувам за тоа, но сакам да кажам на останатите родители да внимаваат на своите деца, да не ги запоставуваат. Секогаш да знаат каде се, со кои се и што прават“ започнува да раскажува Даниела.

„Мојот син 11 години беше во лошо друштво. Се се случи набрзина, не успеав да реагирам на време. На почетокот на петто одделение почна да користи психоактивни супстанци. Се повеќе тонеше, а јас не успеав да му помогнам“  вели Даниела и открива со што се борила.

„Навистина беше ужасно. Кога ќе дојдеше дома, не ме препознаваше, ме доживуваше како непријател. Трпев разни работи. Ме малтретираше психички и физички…Но, јас тоа го поднесов бидејќи сум мајка. Мајка која сакаше да помогне на своето дете и да го извади од канџите на дрогата“ вели Даниела за „Ало“.

фото: Принтскрин/јутуб

Пејачката од првиот брак ги има синовите Немања и Стефан, а од вторит брак синот Марко кој има 12 години.

Таа вели дека од првиот  сопруг не добила поддршка.

„Него не го интеренсираат нашите деца. Кога и да му се јавев да му кажам дека Немања е во сериозна ситуација, тој не сакаше да слушне за тоа.  Последен пат алиментација плати во 2009 година. Живееме од социјална помош“  вели пејачката за „Ало“.

фото: гранд онлајн

Кандидатката вели дека Немања се лекува веќе една година.

„Докторите од Зајечар ни дадоа упат за лекување во болницата во Белград. Јас често го водам на терапии бидејќи немаме услови да остане во болница. Се надевам дека ќе му биде подобро, но се плашам за неговото психичко здравје кога ќе престане со терапијата. Се плашам дека ќе се врати во тие води“ вели Даниела за „Ало“.

На прашањето со која пејачка би сакал да сними дует,  кандидатката од „Никогаш не е доцна“ вели:

„За мене тоа се далечни соништа, но кога веќе ме прашавте, сакам тоа да биде Ацо Пејовиќ. Одличен е пејач, а ми делува како добар човек“ вели Даниела.