Радио Милева
смешната страна на пандемијата

Живот во време на корона: „Јас веќе нема да мијам раце, ми дојде сметка за вода, како делфини да одгледувам“ (ФОТО)

Живот во време на корона: „Јас веќе нема да мијам раце, ми дојде сметка за вода, како делфини да одгледувам“ (ФОТО)

Коронавирусот и натаму царува… Никако да стивне, напротив, како одново да зема поголем замав и покрај сите мерки на претпазливост, забраните, изолацијата, карантинот, полицискиот час… Освен реалната опасност од зараза, принудното седење меѓу „4 ѕида“ им збоктиса и на Бога и на народот, кој за да не „одлепи“, постојано си наоѓа некаков вентил за празнење.

Физичка или духовна активност, креативност или обично празнење негативна енергија – сеедно, важно е само едно: Духот никако не смее да клоне. И за среќа, се’ уште добро се држи…

Доказ – бројните духовити објави на социјалните мрежи во вид на довитливи, хумористични коментари и досетки или фотографии, од кои ние направивме мал избор… Чисто онака, малку да ве развеселиме, расположиме и покажеме дека и животот во време  на корона пандемијата има своја… смешна страна!

  1.  Уште еден доказ дека… Се’ што лета – не се јаде!

2.  Државна субвенција

3.  … ти е, двор ти е…

4.  Единствено чувство: Ријал фил лајк „куќен притвор“

5. Виртуелна свадба

6.  Семејна (не)еднаквост помеѓу половите

7. За се’ треба време…

8. Празнична, продолжена викенд програма

9. Некој мора… да е жртва за семејството

10. Швалерска катастрофа

11. Туристичка понуда за Лето 2020

12.  Карантиски „црв на сомнеж“…

13. Хороскоп за до крај на годината

14.  Модерна „Баба Рога“…

15. Ако Филипче лаже, касиерката не лаже…

16. Семејна женска дилема

17. Потврдени симптоми: Корона инфекцијта почнува со чешање…

18. Не само рацете се мијат…

19. Збунета природа

20.  Комунален протест

… ТОА НЕ Е  СЕ’, НАРОДЕ!

 

Останати вести од Радио Милева