Радио Милева
оригинална

Жирито се „стаписа“ кога ја виде со питон околу вратот: Maрија Груевска откри зошто се појави со змија во „Ѕвездите на Гранд“

Жирито се „стаписа“ кога ја виде со питон околу вратот: Maрија Груевска откри зошто се појави со змија во „Ѕвездите на Гранд“
фото: Инстаграм/марија груевска

Македонската кандидатка во „Ѕвездите на Гранд“, битолчанката Марија Груевска со своите оригнални настапи и изведби остави силен впечаток во музичкото шоу.

Во интервју за „женски магазин“, Марија откри зошто се пријавила во најголемото музичко – сценско шоу на Балканот.

„ За сега „Ѕвездите на Гранд“ е единственото музичко шоу на кое еден пејач може да се обиде да излезе надвор од границите на Македонија и тоа беше првичниот мотив“, вели битолачанката.

фото: Инстаграм/марија груевска

На последниот настап кој се одржа во саботата вечер, Груевска за време на изведбата на „Негатив“ на сцената се појавија со змија околу вратот, а сега и откри зошто го направила тоа.

„Не знам дали ви кажав, но сите мои стајлинзи се врзани еден за друг. Со последниот настап ја претставував Ева, која беше грешница. Поентата на приказната е кога една жена е и грешница и змија, треба да биде сакана и заслужува внимание“, вели пејачката.

фото: З.К Муња/ Д. Милошевиќ

Груевска покажа дека е подготвена на се’ за шоу.

„Имав голем страв од змии, но сега веќе немам. Ми помогнаа експерти и сега повеќе не се плашам. Можеби оние во природа, но овие не“, изјави Груевска.

Инаку, таа помина во четвртфиналето, па што тогаш ќе ни претстави останува да видиме.

Останати вести од Радио Милева