Радио Милева

Згодна мама: Сара Мејс покажа како изгледа еден месец по породувањето (фото)

Згодна мама: Сара Мејс покажа како изгледа еден месец по породувањето (фото)

Македонската пејачка Сара Мејс и нејзиниот сопруг Димитар Атанасовски речиси пред еден месец станаа родители на своето прво дете, ќерката Илина.

Во текот на породувањето вообичаено е жените да добијат некој килограм плус. Сара беше од оние активни трудници, па во текот на бременоста беше потполно ангажирана.

Меѓутоа, Мејс не запира и по породување и веднаш се врати на своите активности.

По еден месец откако ја доби Илина, Мејс продолжи со своите музички ангажмани, односно да ги подготвува своите ученици за фестивал.

 

На својот Инстаграм, пејачката сподели фотографија, а во описот напиша „Деца пејачи и деца свирачи со наставник и наставнича“.

Мора да признаете дека Сара изгледа одлично и во топ форма.