Радио Милева

„Жена од гума“: Лепа Брена пред новинарите покажа дека се уште може да ги крева нозете како на почетокот од кариерата (фото)

„Жена од гума“: Лепа Брена пред новинарите покажа дека се уште може да ги крева нозете како на почетокот од кариерата (фото)
фото:лепа брена/инстаграм

Пејачката Лепа Брена организираше дружење со српските новинари, пред кои ги демонстрираше своите вежби за размрдување.

Не секој може да го направи она што пејачката може да го направи со своите нозе. Уште од кога таа ја крена долгата нога во 1982 година за потребите на филмот „Тесна кожа“, а подоцна продолжи да го прави тоа на концерти, Брена очигледно е во форма и до ден-денес.

фото:лепа брена/инстаграм

Додуша, повеќе не го јава Саша Поповиќ!

фото:лепа брена/инстаграм

Таа ја покажа добрата форма на прес-конференцијата што ја организираше по повод премиерата на новата песна „Одисеја љубави“. Сосопственичката на „Гранд“ дојде целосно подготвена за појадок со претставниците на седмата сила, но тоа не ја спречи специјално да ја покаже својата еластичност.

фото:лепа брена/инстаграм

– Ајде да направиме неколку вежби за нашиот ден да биде убав и успешен. Вежбам секојдневно, а особено ми е задоволство да го правам она што го сакам пред вас. Кога денот ви започнува со вежби, тогаш сè функционира како што треба. Телото се подготвува за обврски и сè оди полесно – рече пејачката и започна да прави вежби за главата, половината и кога ја крена ногата, сите аплаудираа.

Останати вести од Радио Милева