Радио Милева

Жан Клод Ван Дам славеше роденден со Драгана Мирковиќ: „Беше тоа ден за паметење“

Жан Клод Ван Дам славеше роденден со Драгана Мирковиќ: „Беше тоа ден за паметење“
фото: Принтскрин/драганамриковиќ

Драгана Мирковиќ и нејзиниот сопруг Тони Бјелиќ се добри пријатели со филмската ѕвезда, па тие се воодушевиле кога Жан Клод Ван Дам изразил желба да го прослави својот роденден во нивниот дом.

Наводно, актерот ги прекинал своите обврски и заминал во Виена. Тие го однеле својот пријател да го разгледаат дворецот кој е во сопственост на Драгана и Тони, а кој е во завршна фаза на реконструкција.

Отаму заминале во луксузен ресторан каде што уживале во дружење и вечера.

Жан бил воодушевен од гостопримството на пејачката и нејзиниот сопруг, па на социјалните мрежи сподели моменти од прославата, а Мирковиќ му честиташе и роденден со песна.

фото: Принтскрин/инстаграм

„Бевме воодушевени кога Џеј Си, како сака да го викаат, се јави и откри дека има желба својот роденден да го прослави со нас. Иако претходните денови ги поминав дома поради настинка, одлучив дека ништо да ме спречи да му направам убаво изненадување. По негова желба немаше големо друштво туку само моето и неговото семејство и навистина беше ден за паметење“ вели Драгана.

фото: принтскрин/инстаграм

За потсетување, претходната година Жан Клод Ван Дам од сите честитки ја сподели онаа на Мирковиќ и посебно и се заблагодари. Исто така, кога Драгана неодамна ја издаде својата нова песна „Замена“, актерот ја сподели на својот Фејсбук.

Останати вести од Радио Милева