Радио Милева

Жан Клод Ван Дам јавно и поласка на Драгана Мирковиќ и покажа колку е воодушевен од фолк дивата

Жан Клод Ван Дам јавно и поласка на Драгана Мирковиќ и покажа колку е воодушевен од фолк дивата
фото: Приватна архива

Добро познато е дека холивудскиот актер Жан Клод Ван Дам е во пријателски односи со Драгана Мирковиќ, па секогаш кога ќе имаат прилика овие ѕвезди се дружат.

Познато е дека Жан Клод беше во домот на Драгана во Виена, а потоа за неговиот роденден на социјалните мрежи ја објави честитката од Мирковиќ.

Холивудскиот актер сега повторно и поласка на пејачката, па покажа колку е воодушевен од неа.

Односно тој имаш прилика да ја слушне новата песна „Замена“ на Мирковиќ, па ја сподели на социјалните мрежи, а во описот напиша :

„Драга Драгана многу сум  горд што го претставувам ова твое видео и твојот божанствен глас. Целата моја љубов за тебе, Балкан и целиот свет и исто така љубов за твојот сопруг Тони“ напиша Жан Клод.

фото: фејсбук

За потсетување, Мирковиќ неодамна зборуваше за една ангедота со холивудскиот актер и откри како тој дознал дека таа е една од најпопуларните пејачки.

„Се трудев да не знаат со што се занимавам. Некако ми е непријатно да зборувам на таа тема. Меѓутоа, Ван Дам дозна од режисерот на неговите филмови бидејќи неговата сопруга е со потекло од Бугарија. Кога ме виде мене ми рече: „Ма каков Жан Клод…Драгана Мирковиќ“. Човекот се збуни, а таа му објасни. Сега Ван Дам користи секоја прилика да зборува за мене“ вели Мирковиќ за српски „Телеграф“.

Останати вести од Радио Милева