Радио Милева
Годините за неа се само бројка

Замрзната во времето: Вера Мештеровиќ и сега изгледа исто како некогаш (ФОТО)

Замрзната во времето: Вера Мештеровиќ и сега изгледа исто како некогаш (ФОТО)

Македонската манекенка и топ модел Вера Мештеровиќ објави фотографии од своите почетоци на кои изгледа речиси исто како и денес.

Тогаш 17 – годишната тинејџерка,  во таа далечна 1996 година ќе стане првата мисица која ја претставувала Република Македонија на официјалниот меѓународниот светски избор на убавина – Мис на светот кој таа година се одржа во Бангалор,  Индија.

Иако од тогаш до денес поминале речиси 22 години, македонската мисица изгледа речиси исто како и тогаш. Вера и нејзината убавина како да се замрзнати во времето.

Очигледно за неа годините се само обична бројка во личната карта, иако од тогаш до сега многу нешта се променети.

Но кругот на животот е цикличен, па некогашната мисица, манекенка и модел, чија прва љубов се балетот и фолклорот кој и е во срцето и до ден денес, повторно и се враќа на модата и убавината, само сега не еден поинаков начин.

Вера Мештеровиќ е ексклузивен промотор и манаџер на козметиката на еден светски познат бренд,  чии почетоци се врзуваат за Рим уште од 1975 година, а е резултат на еволуцијата и технолошкиот прогрес на првата семејна компанија.

Покрај брендираните, високо квалитетни козметички производи, во својата програма ја вклучува и Академијата и тренинг центарот за професионално изучување на сите тајни на маникирот и целата процедура на нега и убавина на нокти.

Некогашната учесничка на домашните и македонска претставничка на меѓународните избори за убавина и балкански амбасадор на убавината, денес е посветена мајка.

Вера со екс-фудбалерот, а однеодамна и нејзин екс – сопруг Игор Кралевски има две деца – Андреј  кој има 8 и Јована 6 години. Засега тие повеќе го сакаат спортот, па така Андреј  тренира фудбал, додека Јована тренира одбојка, иако никогаш не се знае.

Зашто и нивната мајка започна како балерина и играорка, а заврши на модната писта, во светот на модата и убавината.