Радио Милева

Зад себе остави три жени и шест деца: Почина холивудскиот актер

Зад себе остави три жени и шест деца: Почина холивудскиот актер
фото: профимедиа

Познатиот холивудски актер Рип Торн почина во вторникот на 88 години.

Неговиот менаџер истакна дека Торн починал во неговиот дом во Лејквил, во друштво на семејството – сопругата Ејми Рајт и ќерките Кејти Торн и Анџелика Пејџ.

Не е наведена причината за неговата смрт.

фото: профимедиа

Овој холивудски актер беше и кандидат за Оскар кога во 1984 година беше прогласен за најдобра споредна улога во филмот „Cross creek“, а во текот на кариерата освои и шест Еми награди.

На домашната публика е познат по улогата во филмот „Луѓето во црно“ од 1997 година, а е познат и по улогата во филмот “The Larry Sanders Show”.

Останати вести од Радио Милева