Радио Милева
од другата страна на музичкото шоу

Зад сцената на „Ѕвездите на Гранд“: Александар Јосифовски во друштво на кандидатката со најголема трансформација оваа сезона (фото)

Зад сцената на „Ѕвездите на Гранд“: Александар Јосифовски во друштво на кандидатката со најголема трансформација оваа сезона (фото)
фото: инстаграм/ александар јосифовски

Александар Јосифовски е еден од учесниците во музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ кој успеа да го освои жирито и публиката со рок музиката.

Јосифовски е под менторство на Ѓорѓе Давид и од круг во круг  се повеќе и повеќе воодушевува и добива пофалби од „судот“ на музичкото шоу.

фото: инстаграм/ александар јосифовски

Кандидатот стигна до петиот круг на „ЅГ“ кој се снимаше овие денови. Токму по тој повод, Јосифовски замина во Белград каде што се снимаше емисијата во кој тој настапува.

Добро е познато дека снимањата знаат да ја траат и по цел ден, а во паузите или додека чекаат кандидатите знаат да се дружат меѓу себе.

Понекогаш  некој од нив знае да сподели и да покаже како изгледа зад сцената. Овој пат,  Македонецот сподели селфи со кандидатка која можеби е најголема трансформација во овагодинешното музичко шоу – Крстиња Тодоровиќ, кандидаткаа која се преполови и ослабе 75 килограми.

Имено, Крстиња на својот „Инстаграм“ сподели селфи со нашиот Александар, двајцата се насмеани, а за локација го ставија Белград.

Потоа пак, истата фотографија Александар ја објави на својот „Инстаграм профил“.

фото: инстаграм/ александар јосифовски

Како Јосифовски ќе се претстави во петиот круг, останува да видиме.

Останати вести од Радио Милева