Радио Милева

Зад камерите: Бубе Јаневска доби пријатно изненадување во Утринска без никаков повод (фото)

Зад камерите: Бубе Јаневска доби пријатно изненадување во Утринска без никаков повод (фото)
фото: принтскрин/инстаграм/бубејенавска

Презентерката Бубе Јаневска имаме прилика да ја гледаме на ТВ екраните каде со години професионално си ја работи својата работа.

Пред камерите секогаш подготвена за она што следува, меѓутоа  публиката ретко може да ја види атмосферата од другата страна на објективот.

Меѓутоа, деновиве Бубе не се штедеше, па се пофали како владее атмосферата меѓу нејзиниот тим на соработници.

фото: принтскрин/инстаграм/бубејаневска

Презентерката се пофали дека утрото и започнало со изненадувања, односно нејзиниот колега во Утринска донел парче торта без повод.

Со овој убав гест, Јаневска се пофали на „Инстаграм стори“,  а во описот напиша:

„Со торта на утринска, без никаков повод“ напиша водителката.

фото: принтскрин/бубејаневска/инстаграм

Веруваме дека на Бубе денот и тргнал слатко како парчето торта, а ако судиме по фотографиите на социјалните мрежи без сомнеж  е така.

фото: Принтскрин/инстаграм/бубејаневска

 

По изедната торта и сендвичите од колегите, Бубе се пофали со уште една фотографија и покажа изгледа со „полн стомак“.

фото: Принтскрин/инстаграм/бубејаневска

 

 

Останати вести од Радио Милева