Радио Милева

„Забрането ми е за тоа да зборувам“: Весна Змијанац проговори за ќерката, па откри што и забранува

„Забрането ми е за тоа да зборувам“: Весна Змијанац проговори за ќерката, па откри што и забранува
фото: Принтскрин/премијера

Весна Змијанац проговори за својата кариера, колегите, за својата ќерка Николија, но и за својата внука Реи.

Таа откри дека ги памети сите моменти, па дури и оние кое не биле толку убави.

„Се сеќавам на убавите и на лошите моменти. Се шегувам кога велам дека имам амнезија. За жал, нема многу од мојата генерација, може да ги избројам на прсти. Заминаа големите легенди. Шабан, Синан и многу други….За среќа, зад себе оставија многу добри песни, на кои децата може да учат“ вели Весна.

фото: Принтскрин/премијера

Пејачката истакна дека нејзината ќерка и забранила да зборува за внуката.

„Забрането ми е да зборувам за внуката. Јас само ќе кажам дека е слатка, останатите работи прашајте ги мајката и таткото, а тие не сакаат многу да зборуваат“ вели Весна и истакна дека ќерка и ја потсетува на неа:

„Јас мислам дека Николија е иста како мене, го има изразот на нејзината мајка и тоа е добро. Ја има мојата енергија, харизма, доминира на сцената…“вели Змијанац.