Радио Милева

Заборави на плукањето и навредите: Андреана Чекиќ се смири со оженетото момче (видео)

Заборави на плукањето и навредите: Андреана Чекиќ се смири со оженетото момче (видео)
фото: Инстаграм

Српските медиуми со денови пишуваат за пејачката Андреана Чекиќ и нејзиниот свршеник Марко Милошевиќ.

Имено, неодамна српските медиуми пишуваа дека додека пејачката била на турнеја во САД имала жестока кавга со својот свршеник, па среде улица тој ја плукнал и навредил.

„Имаа слободен ден, па пејачката и членовите на бендот се одмораа. Излегоа на музика на едно место за да се релаксираат. Ништо не укажуваше дека може да се случи нешто лошо,но набрзо се случи инцидент. Тој почна да пие и во еден момент, тие почнаа гласно да расправаат. Милошевиќ тогаш започна да ја навредува Андреана, нарекувајќи ја со погрдни имиња и навредливи зборови. Никој не можеше да го задржи“ – вели очевидецот, кој тогаш бил на истото место. Според него, Милошевиќ ја плукнал пејачката в лице и и’ ја искинал маичката.

фото: Инстаграм

“Викаше: Јас ги сакам моите пари. Не дојдов тука бесплатно. Музичарите се обидоа да го убедат да ги смири своите страсти, но попусто. Тогаш тој  и ја искина маичката така што градите и се гледаа. Хорор. Тоа беше капката што ја прели чашата. Тогаш некој од нивниот тим го одвлекол Марк до автомобилот. Го однеле во друг хотел и му купиле билет од 1.600 долари за Србија“ – изјави тогаш очевидецот.

По оваа случка во САД, Андреaна ги избриша сите заеднички фотографии со момчето, а на оваа тема не сакаше да дава изјави.

фото: Принтскрин/инстаграм

На прашањето дали е со свршеникот или не, таа  единствено велеше: „немам коментар“.

Сега српските медиуми пишуваат дека Чекиќ се смирила со својот свршеник. Имено, како што пишува ало.рс, пејачката пеела на една приватна забава, а Марко бил покрај неа и ја држел за рака.

Тие го снимија овој момент и го објавија на социјалните мрежи.

Еве доказ дека Андреана и Марко се заедно.

 

View this post on Instagram

 

Andreana Čekić se pomirila sa svojim oženjenim verenikom Markom Miloševićem

A post shared by ALO.RS (@alo_novine) on

Останати вести од Радио Милева