Радио Милева

За Шенка Колозова ниту времето не е лек за тагата по нејзиниот Ѓорѓи: „Станува се потешко и потешко…“ (видео)

За Шенка Колозова ниту времето не е лек за тагата по нејзиниот Ѓорѓи: „Станува се потешко и потешко…“ (видео)
фото:бекстејџ/јутјуб/принтскрин

Нејзиното име го знае секој, особено генерациите што израснаа гледајќи ја Шенка Коловова во македонските народни приказни.

Денес, таа за жал е без својот животен сопатник, легендарниот Ѓорѓи Колзов со кој заедно беа и дома и на работа- пред камерите, на сцената…

Шенка ретко се појавува во медиуми, но овој пат одлучи да проговори пред камерата на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“, бидејќи како што вели и таа самата е „бекстејџ“, односно личност која веќе неколку години професионално функционира од зад сцената.

фото:бекстејџ/јутјуб/принтскрин

-Решив сосема да се повлечам и функционирам од зад сцената. До неодамна патувавме со мојата глумачка екипа низ цела Македонија. Пред две години реков, „мене ми е доста не можам веќе“ и затоа прифатив да бидам во „Бекстејџ“, затоа што јас сум „бекстејџ“, вели Шенка која откри и дека доста време од секојдневието поминува баш како во приказните – на село со своите животни во селската куќичка.

фото:бекстејџ/јутјуб/принтскрин

-Пред некој ден се вратив во Скопје. Во едно охридско село имам една стара селска куќичка која што е прилагодена за нормален живот. Имам голем двор, имам ѕвеќиња, имам бавча, имам животни, мачиња, кучиња, ги имам и селските кучиња и мачиња, копам, лачам, косам трева, сечам дрва, ѕидам ако треба, раскажува актерката за своето слободно време кое го крои по сопствена мерка, како утеха за лекот кој не може да се најде за да помине болката и тагата по нејзиниот Ѓорѓи кој почина пред 16 години.

фото:бекстејџ/јутјуб/принтскрин

-Во почеток како да не веруваш дека тоа се случило, се однесуваш како „ете, тоа е тоа“ и се сеќавам една пријателка моја на која и беше починат мажот и, велеше дека сите ќе ти кажат дека со времето поминува, но таа вели, со времето ти е сè потешко и потешко. Не поминува тоа… Има моменти што знам колку ги сакал и ми е и ден денес тешко зошто не може да го доживее тоа, зошто поминува, а него го нема. Мене не ми значело многу, но знам колку му значело нему. Мислам дека е голема загуба. Кога ќе ми кажат, „леле ти греота“, не сум греота, јас сум тука, живеам, си ги гледам внуците, си ги гледам децата, се радувам, тагувам, ме боли, здрава сум, еве тука сум, не сум за жалење, него го нема, го завршува интервјуто Шенка Колозова која се надева и верува дека следниот пат кога повторно ќе се појави во медиум ќе има убава тема за која ќе зборува.

Останати вести од Радио Милева