Радио Милева

За првпат пред очите на јавноста: Семејството Ражнатовиќ гордо го покажа бебето Жељко (фото)

За првпат пред очите на јавноста: Семејството Ражнатовиќ гордо го покажа бебето Жељко (фото)
фото:цеца ражнатовиќ/инстаграм/принтскрин

Богдана и Вељко Ражнатовиќ го крстија својот син денес на 40 дена од неговото раѓање.

– Денес, на големиот српски празник и денот на ослободување на српскиот народ, го крстивме нашиот наследник. Куме нека е со среќа! Правете децатадеца и воспитајте ги да бидат патриоти, Бог да ве благослови сите. Да живее српскиот народ! – сподели Веjко Ражнатовиќ

фото:принтскрин/инстаграм/вељко ражнатовиќ

Ова е исто така е прва фотографија на малиот Жељко што е објавена, а потоа следеше фотографија и од баба Цеца и од тета Анастасија.

Како што пишува Блиц.рс, само членовите на најблиското семејство присуствувале на крштевањето, во Храмот Свети Сава во Белград, а семејството Ражнатовиќ сакало церемонијата да биде интимна и подалеку од очите на јавноста.

фото:принтскрин/инстаграм/цеца ражнатовиќ

Крштевањето беше извршено на пладне, по што отидоа на семеен ручек.

Патем, кумот на малиот Жељко е пријател на Вељко, Никола Вавиќ.

Останати вести од Радио Милева