Радио Милева
никој како ѓоле...

За прв пат во јавноста: Необјавени песни на Ѓорѓе Балашевиќ од средношколските денови (ФОТО)

За прв пат во јавноста: Необјавени песни на Ѓорѓе Балашевиќ од средношколските денови (ФОТО)

Ѓорѓе Балашевиќ беше еден од најголемите, најзначајните, но и најплодните кантавтори во регионот. Легендарниот Ѓоле напиша голем број песни за време на неговиот живот, а српскиот весник „Данас“ неодамна дојде и до оние песни што познатиот кантавтор ги создал додека бил средношколец. Имено песни на Балашевиќ биле објавувани во годишниот весник на средното училиште „Светозар Марковиќ – Тоза“ во Нови Сад, каде тој ги поминал средношколските денови.

Во втора година средно училиште ја напишал песната „Неколку збора за нашата љубов“. Лајт мотив на целата песна е „…Јас претежно тежнеев кон секс, а ти сакаше крстозборки“ и  во него тогаш младиот поет зборува за една разделба, барајќи ја причината за љубовниот бродолом.

Очигледно е дека во тоа време немал среќа во љубовта, бидејќи во друга песна во истиот училишен весник, младиот Ѓоле пишува за срце кое е камен, но на крајот не очајува затоа што има лек за таквото срце.

Освен љубовта, за Балашевиќ инспирација била и судбината на хероите од народот, па затоа му посвети цела песна на Крале Марко. Сепак, за да се избегне забуна, во насловот на песната тој потенцира дека станува збор за неговата визија за овој херој кој им предизвикал бројни маки на Османлиите.

 

Останати вести од Радио Милева