Радио Милева

За овој македонски кандидат имаше војна во „Ѕвездите на Гранд“: Го вратија со златен глас, ама залудно! (фото)

За овој македонски кандидат имаше војна во „Ѕвездите на Гранд“: Го вратија со златен глас, ама залудно! (фото)
фото:инсатграм/стефанвеличковски

Популарното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ полека се ближи до највозбудливот дел, а кругот на најдобрите кандидати постојано се стеснува.

Од најновото издание кое се емитуваше изминатиот викенд, имавме можност да забележиме дека не баш сè гледаме во снимката која се емитува.

фото:инсатграм/стефанвеличковски

Имено, македонскиот кандидат Стефан Величковски во претходниот круг беше елиминиран бидејќи доби само два гласа, а подоцна настана војна во жирито бидејќи неговата менторка Вики Миљковиќ уверуваше дека нејзините колеги се неправедни кон талентираниот Стефан.

фото:принтскрин/јутјуб/звезде гранда

Па така, она што не беше прикажано на телевизија, е дека Вики наедно му дала златен глас на Величковски, кој повторно го гледавме во дуел со Јаков Јуриќевиќ.

фото:инсатграм/стефанвеличковски

Иако беше маестрален во изведбата на песните од Оливер Драгојевиќ и Адил, Стефан дури и со златен глас не успеа.

фото:инсатграм/стефанвеличковски

И двајцата со Јаков добија по три гласа, а со тоа отидоа во бараж, каде повторно не успеаја да се пласираат за понатаму.

По напуштањето на „Ѕвездите на Гранд“, Величковски немаше некоја посебна објава за збогување со натпреварот, туку на својот Инстаграм профил објави дека е на свадбена прослава каде е ангажиран за забавата.

Останати вести од Радио Милева