Радио Милева
има се може се

За нема криза: Лепа Брена ја покажа јахтата од 900 000 евра (фото)

За нема криза: Лепа Брена ја покажа јахтата од 900 000 евра (фото)
фото: Инстаграм/лепа брена

Oткако започна пандемијата со коронавирус, пејачката Лепа Брена како и целата естрада е без настапи.

Меѓутоа, Брена и нејзниот сопруг Боба постојано се на патување на разни егзотични дестинации.

Пејачката веќе некое време е во Црна Гора, а сега ја покажа семејната јахта.

фото: Инстаграм/лепа брена

Имено, Брена го сними погледот, а ја и покажа јахтата која е сместена во Црна Гора.

– Па, тоа е убав брод со пет, шест спални соби. Не беше подарок само за нашите души. Сакавме да си дозволиме нешто затоа што тоа беше специфична ситуација. Не можевме да се дружиме, можевме само да пловиме. Така, имав барем една година пауза и одмор за да го поминам она што навистина го сакав цел живот, да пловам и да бидам на вода. Го сакам морето и водата. И јас исто така сакам бродови. Секако, не успеав да посетам се што сакав – изјави Брена во претходното интервју за „Блиц“.

фото: Инстаграм/лепа брена

фото: Инстаграм/лепа брена

Како што пишуваат медиумите, јахтата на Живојиновиќ чини 890 000 евра.

Останати вести од Радио Милева