Радио Милева
на планина - убавина!

За да не се задуши, македонската ѕвезда заличи на „Дарт Ведер“ од „Војна на ѕвездите“: Можете ли да го препознаете? (ФОТО)

За да не се задуши, македонската ѕвезда заличи на „Дарт Ведер“ од „Војна на ѕвездите“: Можете ли да го препознаете? (ФОТО)

Скопје се гуши во магла, чад, смог… и уште илјада други валканици кои воздухот во метрополата го прават загаден до ниво на неподносливост. Еколошки акции, протсети, апели, мерки… џабе! Ништо не помага. Главниот град се гуши, а со него и неговите жители.

Неподносливата тешкотија на дишењето ја трпиме сите… и непознати и познати. Чистиот воздух што го нема, не може со ништо да се надомести, ама барем може да се ублажат последиците.

Тој е една од најголемите македонски музички ѕвезди, со најдолг стаж, ама и со најспортски навики. Впрочем, не попусто има манекенска става и покрај тоа што е длабоко навлезен во шесстата деценија од животот.

Возење велосипед, трчање покрај кеј, пешачење, планинарење…

И кога е дома, во неговото какво-такво Скопје, и кога е некаде надвор, Дарио Панковски не ги заборава спортските навики и пропушта да се дружи со природата.

Ама со скопскиот воздух – тешко… Или барем тешко без маска.

Па затоа Дарио сакал-нејќел мораше да се „претвори“ во еден познат лик – кога е без маска! Македонската музичка ѕвезда во маската заличи на филмската ѕвезда – господарот на темнината Дарт Ведер од „Војна на ѕвездите“! 

Дарио оддамна е верен и отворен поддржувач на „Дојде живот“ опцијата… Е сега, како елементарните услови за живот од цело Скопје ги има само на Водно, и самиот се упати таму…

На планина – убавина! Сонце, чист воздух и преубав поглед… На какво-такво, ама негово и не само негово, туку и наше Скопје!   Ама… ајде… Што е наше, белким ќе си дојде!