Радио Милева
свекрвата воодушевена од снашката

Врската оди сериозно? Милица Павловиќ се запознала со мајката на нејзиното момче

Врската оди сериозно? Милица Павловиќ се запознала со мајката на нејзиното момче
фото: инстаграм/миица павловиќ

Пејачката Милица Павловиќ заминала во Црна Гора за да се запознае со мајката на нејзиното момче Николас Савељиќ.

Како што пишува информер.рс, пејачката поминала еден ден во Котор во домот на нејзиното момче. Мајката на Николас, Дијана која е дизајнерка за накит ја поканила Милица на ручек бидејќи сакала да ја запознае девојката за која одлепил нејзиниот син.

„Николас ништо не крие од мајка му. Таа од почетокот знаеше за неговата врска со Милица и веќе долго време сака да ја запознае. Кога дозна дека е во Црна Гора одлучи да ја покани“, вели извор за Информер.

Пејачката оставила убав впечаток на потенцијалната свекрва.

„Дијана е воодушевена од Милица. И подари накит која сама го дизјанираше. По ручекот Милица заедно со момчето и неговата сестра поршетаа во Котор. Ни во еден момент не се држеа за рака бидејќи не сакаа некој да ги фотографира“, тврдиизворот.

Потсетуваме, неодамна екипата на „Папарацо лов“, ги улови Милица и Николас заедно, но пејачката се уште не се огласи по повод овие пишувања.

Останати вести од Радио Милева