Радио Милева

Врескаше и плачеше на улица: Ќерката на Мајкл Џексон жестоко се испокара со момчето (фото)

Врескаше и плачеше на улица: Ќерката на Мајкл Џексон жестоко се испокара со момчето (фото)
фото:профимедиа

Парис Џексон, ќерката на починатиот музичар Мајкл Џексон, со своите постапки и изјави често ја интригира јавноста, а овој пат настана вистинска драма кога се скара со своето момче Габриел Глен.

Имено, Парис Џексон и нејзиниот избраник  се карале на улица, а папараците кои ги фотографирале велат дека биле под дејство на алкохол.

фото:профимедиа

Во еден момент Парис почнала да плаче, а како што изгледа, дури ни тогаш страстите не се стивнале.

Габриел во еден момент ја кренал раката да ја удри, стегнал тупаница, додека таа се свртела за да не ја повреди.

фото:профимедиа

Но, до физички напад не дошло, а фотографиите ги наполнија страниците на светските медиуми.