Радио Милева

Вредна мама: Анастасија Богдановска нема намера да купува ново бебешко креветче, од старото направи нешто неодоливо (фото)

Вредна мама: Анастасија Богдановска нема намера да купува ново бебешко креветче, од старото направи нешто неодоливо (фото)
фото:анастасија богдановска/инстаграм/принтскрин

Анастасија Богдановска неодамна се породи со својата наследничка која го носи името Дениција и за првпат се оствари во улогата на мајка.

Убавата новинарка и ТВ водителка ги живее најубавите моменти со своето бебенце, иако овој период на заедничка адаптација и навикнување на промените се доста тешки, но слатки кога е тоа малечко суштество во прашање.

Анастасија поголемиот дел од бременоста го преседи дома поради пандемијата од коронавирусот, а во тој период знаеше да се пофали на социјалните мрежи дека често на агендата од своеите дневни активности го има проектот „направи сам“.

Вредната, инспиративната и умешна водителка, и откако се породи продолжува со оваа своја пасија да создава нешто свое за во домот.

фото:анастастија деа богдановска/инстаграм/принтскрин

Овој пат тоа беше бебешко старо креветче, кое со помош на машка рака секако, го претворија во неодоливо розово гнездо за Дениција.

На тоа зошто се одлучиле за оваа варијанта наместо да се купи ново, таа вели:

-Има посебна емотивна вредност, дрвото е неспоредливо подобро(и сочувано) отколку да купиме креветче направено од иверица (кои воопшто не се евтини, одговара во нејзината соба и можеме да го направиме баш онака како што сме си го замислувале, пишува таа.

фото:анастастија деа богдановска/инстаграм/принтскрин

Освен креветчето, мама Анастасија напомена дека и перничињата се рачна изработка.

фото:анастастија деа богдановска/инстаграм/принтскрин

Кога нешто е изработено со љубов, особено за бебенце, тогаш тоа изгледа баш како проектот на Анастасија!

Останати вести од Радио Милева