Радио Милева
славенички лумперај

Врањеш славеше роденден во Атина, а Цеца му пееше на гала прославата (ФОТО+ВИДЕО)

Врањеш славеше роденден во Атина, а Цеца му пееше на гала прославата (ФОТО+ВИДЕО)

Огњен Врањеш го прослави својот 30-ти роденден со соиграчите од АЕК и пријателите во еден од престижните ноќни клубови во Атина. Негов специјален гостин беше фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ, која специјално допатува во грчката престолнина за да ја забогати атмосферата со изведбата на дел од своите најпознати хитови.

По полноќ, Врањеш ги дувна свеќичките на тортата во облик на стадионот на АЕК, клубот за кој настапува, во што му помогна неговата ќеркичка, по што следеше општа прослава и радост. После Цеца, гостите ги забавуваше Наѓа Голубовиќ која повремено му го оставаше микрофонот на славеникот.


Босанскиот фудбалер, кого го понесе музиката, толку многу се опушти што на крајот ја соблече кошулата во што го следеа и дел од другите соиграчи и негови пријатели.

Врањеш го вкрсти микрофонот со Наѓа додека го пееја хитот на Сенидах – „Мускули“.

Сепак, Огњен решил сам да ја испее песната на Халид Бешлиќ „Само за тебе белграѓанко“ , по што многумина сметаат дека тој  и ја посветил лично на Јелена Карлеуша.

Еве како изгледала атмосверата од роденденската прослава на Врањеш во Атина:

Извор:Курир.рс
Фото: Љиља Станишиќ

Останати вести од Радио Милева