Радио Милева

Воведоа посебни мерки за безбедност на новородениот син: Дали Живојиновиќ претераа?

Воведоа посебни мерки за безбедност на новородениот син: Дали Живојиновиќ претераа?
фото:инсатграм

Александра и Филип Живојиновиќ, кои на 6-ти март станаа родители на синот Александар, ангажирале агенција за обезбедување за нивниот наследник да биде максимално заштитен.

Имено, Филип пред неколку дена ангажирал обезбедување кој ден и ноќ спот пред куќата и води сметка за нивната безбедност.

-Тој едноставно сака да биде сигурен дека Александар и Александра се безбедни дури и кога тој не е дома. Освен тоа, момците од обезбедувањето се на располагање за се, дури и за купување на неопходните работи. Најважно од се е да знае дека секогаш ќе имаат некого што и да се случи, раскажува изворот за српски Ало.рс

фото:инстаграм

Како што додава соговорникот , пресуден фактор за ангажирање на обезбедувањето било тоа што новата куќа е пространа и што  поради луксузот е мета на крадци.