Радио Милева

Војната Карлеуша – Лукас продолжува: „Во она ср*ње со Огњен Врањеш никој ништо не ми кажа“

Војната Карлеуша – Лукас продолжува: „Во она ср*ње со Огњен Врањеш никој ништо не ми кажа“
фото: дамирдервишагиќ

Некогашните пријатели Јелена Карлеуша и Аца Лукас само неколку месеци откако се смирија повторно се скараа.

Овој пат поради Драгослав Илиќ, Анастасија и Цеца Ражнатовиќ.

Имено, Карлеуша на социјалните мрежи го поткачи бизнисменот кој во Белград славеше роденден, а на прославата му запеа и Анастасија Ражнатовиќ.

– Само во банана државата Србија можете да прочитате фалење за дилери на дрога и криминалци, и романтични текстови за нив, пејачи кои им пеат на родендени и свадби, што јаделе и што пиеле … Сè додека најлошото ѓубре се промовира како „бизнисмени, елити и господа „образовани млади луѓе ќе бегаат од тука без оглед на тоа – напиша таа.

Нејзиниот пост го испровоцира Лукас кој не издржа да не и одговори на Карлеуша.

„Јецо, меѓу останатите и јас сум гост на роденденот кај мојот драг и успешен бизнисмен и трговец на нафта која што не е забранета за проджаба. Седи се во оваа држава каде само тука ти ги трпат твоите испади и напади“ брутално одоговори Лукас.

фото: Принтскрин

Јелена не остана должна, па започна нов напад.

„Нарко – дилерите и тие к*рви не ти се пријатели. Види, јас не сум ти пријателка – селанка Џељена Реџепова да не знам да одговорам, мене мозкот и без нафта ми работи 300 на час. Каде ќе одиш со велосипед по Русија“ одговори Јелена мислејќи на Цеца, а потоа удри и по Анастасија.

„А гледам дека ова Арканово младо девојче ти остава убави коментари. Што ќе прави глупа со харизма на згазена мачка, од убиец не ни може да научи“ одговори Карлеуша.

Лукас не остана должан и одговори.

„Извини, извини, извини Русијо што оваа т.н “генијалка“ се спореди сама со себе. Зошто мислиш дека социјалните мрежи се само за тебе и дека ти имаш право да с*реш по нив. Престани да навредуваш се околу тебе бидејќи си смешна“ вели Лукас и ја потсети на нејзината афера со Огњен Врањеш.

„Кога застанав на твоја страна во она со Врањеш, ни Цеца ни било кој друг ми кажа нешто лошо зошто тоа го направив. Јас тоа би го направил повторно. Но ќе ти го кажам следното: бедно е да навредуваш деца, нечии деца, на таков лош начин како ги навредуваш децата на Цеца. За какви криминалци зборуваш кога никој ги нема во својата биографија повеќе од тебе. Сакаш да набројувам?“ напиша Лукас, по што Јелена му порача дека не знае зошто се пронашол прозван кога не го спомнала и му порача да престане да води туѓи војни.

фото: Принтскрин/инстагам/карлеуша

Останати вести од Радио Милева