Радио Милева

Војин Ражнатовиќ и Кија Коцкар својот пријателски однос го носат на повисоко ниво

Војин Ражнатовиќ и Кија Коцкар својот пријателски однос го носат на повисоко ниво
фото:инстаграм/принтскрин

Кија Кокар ќе снимa дует со синот на Жељко Ражнатовиќ- Аркан, Војин. Пејачката се уште е на турнеја во Америка, каде се сретна со Војин, кој планира да започне музичка кариера.

Војин преку социјалните мрежи неколкупати покажа дека има афинитети кон пеењето, а изгледа дека сега е цврсто решен на тоа.

фото:инстаграм/принтскрин

„Кија и Војин се во контакт веќе седум години, но само преку социјалните мрежи. Тие се запознале неодамна по нејзиното појавување во Лас Вегас и тој предложи да снимат дует “, рече неименуван извор за српски Курир, додавајќи дека Војин веќе ја купил песната од американски композитор, а Кија била воодушевена.

„После долг разговор, тие решија текстот да го напише Марина Туцаковиќ, а песната ќе ја објават најдоцна до летото“, завршува изворот.

Останати вести од Радио Милева