Радио Милева

Водителката на „Живот со стил“ во дилема: Стефановска јавно побара помош од своите следбеници

Водителката на „Живот со стил“ во дилема: Стефановска јавно побара помош од своите следбеници
фото: принтскрин/инстаграм/еленастефановска

Елена Стефановска имаме прилика да ја гледаме во емисијата „Живот со стил“ каде донесува гости од македонската и регионалната јавна сцена.

На тема на нивниот приватен, професионален, љубовен живот, како и нивните ангажмани водителката и гостите разговараат во емисијата.

Кога станува збор за изгледот на Стефановска некои ја фалат, некои ја критикуваат, секој со својот став и мислење.

фото: притнскрин/инстаграм

Стефановска редовно води грижа за својот изглед и имиџ, особено кога епред камерите и кога се вклучени рефлекторите.

Таа знае да посети разни третмани кои и помагаат да го негува својот изглед.

фото: Принтскрин/инстаграм/еленастефановска

Овие денови Стефановска посети и фризерски салон, каде што се најде во дилема.

Имено, таа не знаеше дали својата коса да ја остави во русокоса или пак да се офарба во бринета.

По тој повод побара помош и мислење од своите следбеници на социјалните мрежи.

фото: Принтскрин/инстаграм/еленастефановска

„На фризер сум и веќе сум во дилема дали да ја сменам бојата на косата. Каква вие ме гледате? Ми треба помош“ се обрати Стефановска на социјалните мрежи и побара од фановите да гласаат за русокоса или бринета.

Меѓутоа, сепак Стефановска се одлучи да не направи промена.

„Не бев спремна, искрено. Иако мислам дека секоја промена е добредојдена. Им благодарам на тие што ме гледаат подобро како русокоса, а и на кои мислат дека ќе ми стои и бринета“ напиша Стефановска во кратките приказни на „Инстаграм“.

Дали водителката на „Живот со стил“ во иднина ќе се одлучи да направи промена останува да видиме.