Радио Милева

Водителката на „Работна акција“ фотогрaфирана како шета со бебето низ Белград (фото)

Водителката на „Работна акција“ фотогрaфирана како шета со бебето низ Белград (фото)
фото:зоран илиќ/рас србија

На 5-ти септември, Тамара Грујиќ, водителката на популарното шоу „Работна акција“, ја донесе на свет ќерката Ленка во бракот со Вук Ѓоковиќ, продуцент и колега, а сега е фотографирана за прв пат како шета со ќерка си.

Тамара се прошета во тренерки, а на нозете носеше две различни чорапи, што е тековен моден тренд кој сè повеќе го практикуваат светските ѕвезди.

фото:LJ Tozev/ras srbija

Таа за момент застана пред еден излог на улицата Кнез Михајлова, а веројатно имала прекрасен ден со најубавото друштво – ќерката и миленичето.

Како што пишуваат српските медиуми, по само две недели по породувањето, таа се вратила на снимањата, но успева да се посвети на бебето кое сега е центарот на нејзиниот свет.

Останати вести од Радио Милева