Радио Милева

Водителката на „Практична жена“ се разведе од познатиот актер, повторно се омажи, па и следеше тешка борба

Водителката на „Практична жена“ се разведе од познатиот актер, повторно се омажи, па и следеше тешка борба
фото:наташапавловиќ/инсатграм

Водителакта Наташа Павловиќ веќе со години важи за едно од омилените ТВ лица во Србија, а иако долго време е присутна на екраните, за приватноста ретко зборува во јавност.

Домаќинката на емисијата „Практична жена“ е во складен брак со продуцентот Предраг Павловиќ со кој има два сина. Постариот наследник Олег, двојката го доби во 2011 година, по три години брак, не ни насетувајќи дека желбата семејството да се прошири нема да се оствари лесно.

Нивната борба за вториот син траела дури пет години во кои водителката минувала низ тешки моменти. Пред сегашниот сопруг, Нашата четири години беше во брак со познатиот српски актер Марко Живиќ, со кој по разводот останаа во пријателски односи.

фото:наташапавловиќ/инсатграм

Наташа долго време не можела да забремени. Кога кон крајот на 2016 година дознала дека повторно е во блажена состојба и дека и се остварила желбата да добие второ дете, за ова искуство проговори во медиумите, сакајќи да им помогне на другите жени кои се борат со истиот проблем.

-Откако мојот Олег наполни една година, посакав да има брат или сестра. Цели пет години не можев да останам бремена и одев на прегледи и контроли, но се беше во ред. Размислував за разни методи, но ете, изгледа преголемата желба кај жената може да доведе до контраефект. Зборувам многу отворено, јас сметам дека моето искуство може да охрабри многу жени кои се во слична ситуација во која до неодамна бев јас, се исповеда убавата водителка.

фото:наташапавловиќ/инсатграм

-Веројатно би ми било многу тешко да немам дете, така што ги разбирам жените кои очекуваат прво, па се очајни кога ништо не се случува. Но од тој стрес имаат помала можност да се опуштат и забременат. Влегувате во верижно оро и јас целосно разбирам. Тоа е многу тешко за жените кои сакаат да станат мајки, кажа Наташа, која минатото лето на свет го донесе другиот син Јан.