Радио Милева
чувајте се

Водителката на Пинк се тестирала на корона без ниту еден симптом и е позитивна: „Луѓе, јас се шокирав“

Водителката на Пинк се тестирала на корона без ниту еден симптом и е позитивна: „Луѓе, јас се шокирав“
фото: инстаграм

Добро е познато дека постојат многу асимтоматични случаеви на заразени со коронавирус, па токму и поради многу е важно одговорното однесување.

Водителката на ТВ Пинк, Ирина Вукотиќ на својот Инстаграм откри дека се тестирала на коронавирус откако имала контакт со заразена личност и немала никаков симпотим.

Тестот покажал дека е заразена и дека е позитивна.

„Драги луѓе, чувајте се. Денес дознав дека имам корона иако немав ниту еден симптом. Се тестирав затоа што другарка ми се јави и ми кажа дека е заразена, а бидејќи сум одговорна и јас се тестирав и се шокирав“, изјави Ирина.

Таа истакна дека не знаеме кој може да биде заразен и да бидеме одговорни.

„Значи, јас сум од оние асимптоматични кои ги спомнуваат докторите. Се надевам дека така и ќе остане“ истакна водителката.

Останати вести од Радио Милева