Радио Милева

Водителката на која во сообраќајна несреќа автобус и ја откина раката се враќа на ТВ екраните

Водителката на која во сообраќајна несреќа автобус и ја откина раката се враќа на ТВ екраните

Водителката на „Ново утро“ на „Пинк ТВ“, Деа Ѓурѓевиќ пред неколку месеци настрада во сообраќајна несреќа кога автобус и ја откина раката.

Деа на ТВ екраните ќе се врати за еден месец. Како што пренесуваат српските медиуми, Деа се чувствува многу подобро, а водителката ќе се врати на Пинк во текот на јули каде заедно со својот колега повторно ќе ја води емисијата „Ново утро“.

„Бидејќи Деа се чувствува многу подобро, по разговорот со главните луѓе на телевизија, планирам во јули да се врати во „Ново утро“. Сепак, таа нема да води 4часа програма туку колку ќе и дозволи здравјето. Секој ден по два часа ќе биде во програма, а некогаш можеби и повеќе. Се зависи од докторите, но и од самото оздравување, бидејќи на сите ни е важно Деа да биде добро. И покрај тоа што неодамна имаше уште една операција, таа е насмеана и се чувствува многу добро. Неколку пати кажа дека едвај чека да се врати на работа“ вели извор за Стори.

Деа во текот на тешкиот период имаше поддршка од семејството, партнерот и колегите.

„Не го знам точниот датум за враќање во студио, а јас се чувстувам подготвено и едвај чекам да се вратам на ТВ екраните. Се радувам на успесите на тимот, а кога ќе се вратам ќе бидеме уште погледани“ вели Деа.

фото: Бошко Карановиќ/ ата имагес