Радио Милева

Водителката Елена Стојановска легната на под со голо стомаче (фото)

Водителката Елена Стојановска легната на под со голо стомаче (фото)
фото:елена стојановска/инсатграм

Убава, насмеана,позитивна…Со овие зборови медиумите често знаат да ја опишат водителката Елена Стојановска- Јанковска со која гледачите го почнуваат утрото со утринската програма на ТВ Сител „Ја сакам Македонија“.

Имено, освен што ја гледаат на телевизија, обожавателите на Елена можат да дознаат нешто повеќе за нејзината приватност од социјалните мрежи каде се почесто објавува детали од својот живот надвор од студиото, особено сега кога поголемиот дел од времето сите го поминуваме во домашна изолација.

фото:елена стојановска/инсатграм

 

Секој од нас има различна шема за тоа како го минува времето. Едни готват, други чистат,читаат книги, слушаат музика, гледаат филмови… А Елена е меѓу оние кои вежбаат по дома ама и уживаат во готвењето и насладувањето.

Убавата водителката објави фотографија на која покажа како го размрдува своето тело во домашни услови, а притоа ја креана маичката и го откри стомачето.

Кога се вежба се трошат калории, па затоа нејзината следна активност беше правење торта – со очи да ја изедеш!

Балансот е многу важно нешто за се’ во животот, а Елена си ја има совршената формула за себе.

Останати вести од Радио Милева