Радио Милева
едвај преживеа...

Водителката доживеала инфаркт на одморот во Црна Гора (ФОТО)

Водителката доживеала инфаркт на одморот во Црна Гора (ФОТО)

 Водителката на реалното шоу „Парови“ Јована Јеремиќ додека беше на годишен одмор во Црна Гора доживеала срцев удар и само благодарение на присебноста на нејзиниот сопруг Војо Милошевиќ, кој веднаш реагирал и итно ја однел во првата болница, таа преживеал и нема оштетување на срцето.

„Доживеав поблага форма на инфаркт, која, за среќа, не остави никакви последици. Јас дури и не сфатив дека може тоа мене да ми се случи. Се сончав читајќи книга и во еден момент ми стана пеколно жешко, па буквално се стрчав кон морето и скокнав во водата. Одеднаш ми се слоши, почнав да се гушам и да се давам. Страотната болка во градите ме парализираше, останав без воздух. Војо забележа дека нешто не е во ред, се стрча, ме извлече од водата и почна да ми дава вештачко дишење. Кога малку дојдов на себе,  веднаш се упативме во болницата.

Таму ми рекоа дека станува збор за срцев удар, затоа што скокнав во ладна вода прегреана. Тие ги направија сите потребни анализи и ми одобрија терапија што редовно треба да ја пијам. Еве, фала му на Бога,  сè  добро се заврши  благодарение на мојот сопруг. Тој ми го спаси мојот живот, а јас го уништив неговиот одмор“ – низ насмевка ќе рече Јована, која нема ниту една година откако се породи и стана мајка, кога во август 2018 на свет ја донесе ќеркичката Леа.