Радио Милева

Во Тител се славеше за малиот Жељко, но Цеца и Анастасија не се појавија на забавата – ова е причината

Во Тител се славеше за малиот Жељко, но Цеца и Анастасија не се појавија на забавата – ова е причината
фото: инстаграм

Синот на Цеца Ражнатовиќ, Вељко Ражнатовиќ и неговата сопруга Богдана Родиќ го добија синот кој го крстија Жељко.

Во домот на семејството Ражнатовиќ се организираше забава која траеше до раните утрински часови, а на која присуствуваа и познати личности.

По прославата на Дедиње, семејството Ражнатовиќ и Родиќ другиот ден односно сношти продолжија да слават во Тител.

Ражнатовиќ заедно со родителите на сопругата ги дочекуваше гостите и славеше во нивниот семеен дом. Веселиот татко лудо се забавуваше кај Родиќ, а во еден момент заигра и со мајката на Богдана, Даниела Родиќ.

фото: инстаграм

Меѓутоа, Анастасија и Цеца не се појавија на прославата во Тител.

„Цеца ја стигна уморот бидејќи не спиеше последните три ноќи. Иако многу сакаше да дојде, не успеа“ соопштија од ПР тимот на Цеца.

Пејачката сепак следи што се случува во Тител, па на својот „Инстаграм“ сподели дел од атмосферата.

Останати вести од Радио Милева