Радио Милева
од понеделник до петок...

Во теретана со Марјана: Инспирација за мотивација! (ФОТО+ВИДЕО)

Во теретана со Марјана: Инспирација за мотивација! (ФОТО+ВИДЕО)

Марјана Станојковска, македонската лото девојка и ТВ водителка се’ уште важи за една од најзгодните дами од јавниот живот.

Дека умее со топчињата на кои се испишани лото бројките што некому „живот му значат“ – оддамна знаете, но како тоа оваа убавица умее постојано да биде во совршена форма, да има фит изглед и топ тело, сега ќе ви покажеме. Или поточно, ќе ви открие самата. Веруваме дека ќе ви биде доволна инспирација за Вашата мотивација!

Тајната на Марјана не е нова ниту непозната и се вика теретана! Фитнес, боди билдинг, физичка рекреација… е тајната на нејзината долгогодишна доминација меѓу македонските убавици од ТВ екранот! А, се започнува отприлика вака…

Понеделник – ден за мотивација… малку лесни вежби за размрдување, раздвижено тело и мотивациско селфи!

Вторник – ден за цврсто газе… Горе – долу, горе-долу… Па подраширени нозе, лево – десно, лево- десно… Ем здраво, ем естетски убаво, ем практично… Вежба ептен корисна… За да ти се најде во секоја ситуација!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MARJANA STANOJKOVSKA (@marjanamay) on


Среда – среќен ден… А, денот не лош за вежбање раце и гарден кош! Притисни-пушти и така не знам колу пати, па зголеми тежина за да добиеш на цврстина! На мускулите на рацете, рамената, а и она што е во деколтето… До душа, надоградено со силикон!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MARJANA STANOJKOVSKA (@marjanamay) on

Четврток – ден за силни нозе. Малку туркаш, малку амортизираш. Напред-назад и така во круг, колку што е потребно за  „пушка нога“ цврста и затегната, и кога цврсто стоиш на земја и кога си легната…

Петок – ден заааа… Добро, може и за тоа, ама пред тоа малку вежби на степер… Како репер, дали имаш доволно цврст чекор, и стегнати нозе за совршен визуелен декор!

И на крај – рекапитулација пред целата нација…  Ама, пред да се појави на Лото, Марјана прави уште една проверка, дали е се потаман, на свое место и по нејзина мерка.

Па следува уште едно селфи за самодоверба и потсетување… Ако сакате да бидете згодни, стегнати и секси како Марјана, вежбајте во теретана.

Останатото е дело на мајката природа… И секако, по некој „уметнички зафат“ на некој естетски хирург!

Останати вести од Радио Милева