Радио Милева
публиката на нозе...

Во студиото настана општ хаос: Само овој Македонец успеа да ја крене Карлеуша во раце (видео)

Во студиото настана општ хаос: Само овој Македонец успеа да ја крене Карлеуша во раце (видео)
фото: Принтскрин/фејсбук

Секоја сабота имаме прилика да го гледаме регионалното музичко „Ѕвездите на Гранд“ каде што разни музички таленти, а меѓу нив и претставници од Македонија се трудат во неколку минути да се прикажат во најдобро можно светло.

Оваа година во музичкото шоу учествува и Александар Темелков од Скопје кој не е првпат на музичката сцена.

Имено,  тој пред неколку години исто така се појави во „Ѕвездите на Гранд“  каде што направи вистински хаос со своето појавување.

Тогаш Темелков излезе на сцената и ja отпеа песната „Кило горе, кило доле“ и се приблжи на Карлеуша која го крена Македонецот и го врати назад на средина на сцената.

Александар во таа сезона на музичкото шоу остави впечаток и беше препознатлив, но не успеа да оствари некој успех.

Меѓутоа, изгледа овој Македонец не се откажува, па затоа одлучи оваа година повторно да се врати на добро познатата сцена и повторно да направи вистинско шоу.

Имено, во првиот круг , Темелков успеа веднаш да го освои жирито, но и публиката која штом го виде почна да аплаудира.

Темелков за свој ментор ја одбра Вики Миљковиќ и заедно работеа на неговото претставување во вториот круг, а емисијата во која ќе настапува Александар ќе се емитува оваа сабота на Канал 5 телевизија.

Во најавата за едно од новите изданија на „Ѕвездите на Гранд“  Темелков успеа да ја крене Јелена Карлеуша во раце, а Шерифовиќ довикуваше: „Браво кралу, браво“.

фото: Принтскрин/инстаграм

Во продолжение погледнете како најпосакуваната жена заврши цврсто во рацете на ова наше момче – Македонче…

Е едно е сигурно – Александар не само што ја крена Јелена во раце, туку и публиката ја крена на нозе.

фото: принтскрин/инстаграм

Останати вести од Радио Милева