Радио Милева

Во сеќавање: Влатко Илиевски кога беше дете (фото)

Во сеќавање: Влатко Илиевски кога беше дете (фото)

Влатко Илиевски имаше обичај да објавува ретро фотографии на социјалните мрежи, да се навраќа низ времето, но и да ги памети годините од случувањата кои ги објавува.

Често практикуваше да објави фото спомени од детството, оние од настапите кога заплови во музичките води… а на сите да напише која година било тоа.

Неколку дена пред да почине, односно претпоследната фотографија која осамна на неговиот профил беше таква од детството, направена во далечната 1988 година кога имал само три години.  Заедно со татко си на море во Улциљ.

Ulcinj 1988

Ги сакаше децата, а и самиот никогаш не го криеше детето во себе, токму затоа многумина што го познаваа знаеја да кажат дека дури било и чудно што секогаш знаел како да им направи ќеф на децата и да ги усреќи.

Golf 1. 1988-89 во на Beograd

Омилени љубови му беа животни, особено неговите мачки Оскар и Бела.

За жал, ќе останат само сите овие спомени да се сеќаваме на Влатче!